Победникот беше јасен по само 15 минути игра, кога веќе беше 3-0. Де Јонг го отвори резултатот во третата минута, пет минути подоцна Торес даде гол за 2-0, па следуваше погодок на Рафиња.
Потоа на сцена стапи Лопез кој постигна голови во 24 и 45 минута за предност од 5-0.
Во второто полувреме Барселона влезе полабаво во дуелот. Валенсија даде почесен гол во 59. минута преку Дуро.
Левандовски реализираше во 66. миута, а конечниот резултат од 7-1 беше поставен со автогол на Тарега десет минути подоцна.