сабота, 27 јули 2024

Барса со голови во финишот го победи Бетис, хет-трик на Торес (ВИДЕО)

Барселона со голови во финишот славеше со 4-2 на гостувањето во Севиља кај Бетис, Феран Торес реализираше хет-трик.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона имаше одличен почеток на мечот, со гол на Феран Торес во 21. минута поведе со 1-0. По три минути игра во второто полувреме Торес даде нов гол за предност и од 2-0.

Потоа на сцена стапи Иско, поранешниот играч на Реал Мадрид погоди во 56. и 59. минута за израмнување на 2-2.

Овој резултат беше актуелен се до 90. минута кога Жоао Феликс даде гол и ја врати предност на Барселона.

Во 92. минута Торес комплетираше хет-трик и ги постави конечните 4-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ