Барселона испушти два бода во натпревар во кој важеше за огромен фаворит, претпоследно пласираниот тим на табелата, Гранада се избори за 3-3 на „Монжуик“.
Избраниците на Чави добро го почнаа натпреварот и поведоа со голот на Јамал во 15. минута од мечот.
Но пред крајот на првиот дел, Санчез погоди на поблиската статива и изедначи на 1-1. Гостите потоа направија пресврт, Пелистри донесе нова расот, и реализираше за 1-2 по еден час игра.
Левандовски само три минути подоцна изедначи на 2-2, но следуваше нов шок, Микел ја врати Гранада во предност и го матираше Тер Штеген за 2-3.
Домаќините потоа силно притиснаа, а Јамал прекрансо погоди од далечина за 3-3 во 80. минута од мечот, но тоа беше се што направи Барселона.