сабота, 27 јули 2024
Големиот талент на Ривер е во бележникот на Реал, ПСЖ, Сити, Челси, Милан и Интер

Барса најблиску до ангажман на „новиот Меси“, подготвена да плати и повеќе од откупната клаузула

Медиумите од Аргентина пренесуваат дека Барселона е најблиску до ангажман на талентираниот Клаудио Ечевери од Ривер Плата, „каталонците“ се подготвени да платат 30 милиони евра за услугите на 17 годишното момче.

Објавено на

часот

Сподели

Клаудио Ечевери важи за еден од најголемите таленти во Аргентина, се најавува како „новиот Меси“ и го привлече вниманието со одличните настапи на Светското првенство за играчи до 17 години.

Се говори дека момчето е во бележникот на Челси, Манчестер Сити, ПСЖ, Барселона Реал Мадрид, Интер и Милан, но последните информации велат дека „каталонците“ се најблиску до потписот на Клаудио Ечевери.

Актуелниот шампион на Шпанија стапил во контакт со Ривер и го известиле дека се подготвени да одвојат 30 милиони евра (откупната клаузула е вредна 25 милиони евра), но за возврат бараат сумата да биде платена на неколку рати.

Барса исто така ќе го остави фудбалерот на позајмица во Ривер, и тој ќе се пресели на Камп Ноу дури летото во 2024 година.

За една ваква зделка притиска и самиот Клаудио Ечевери, кој не крие дека има голема желба да го облече дресот на Барселона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ