четврток, 20 март 2025

Барса му поставила предизвик на Нејмар: Постигни 15 погодоци и ќе разговараме

„Каталонците“ ја отвориле вратата за враќање на Нејмар но поставиле услов, Бразилецот треба да докаже дека може да игра на врвно ниво и да ја врати старата форма.

Објавено на

часот

Сподели

Нејмар се врати во матичниот Сантос во зимскиот преоден рок и направи трансфер кој малкумина го очекуваа.

Сепак, се чини дека напаѓачот нема многу да се задржи во родниот Бразил и планира летоска да повторно да ја промени средината.

Се шпекулира дека Нејмар сонува за враќање во Барселона, и последните информации на Спорт велат дека „каталонците“ ја отвориле вратата за една ваква зделка.

Но за да започнат конкретни преговори, Нејмар ќе треба да покаже дека може да игра на врвно ниво и да ја врати старата форма, па бил поставен предизвик.

„Прво постигни 15 погодоци во дресот на Сантос, па ќе размислиме за трансфер“ – гласела пораката на клубот од Камп Ноу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ