недела, 19 мај 2024

Барса му овозможи на Атлетико заработка од 50 милиони евра и место на Светското клупско првенство

Барселона и Атлетико Мадрид синоќа беа елиминирани од Лигата на шампионите, но тимот од шпанската престолнина има причина за задоволство за разлика од Каталонците.

Објавено на

часот

Сподели

Поради испаѓањето на Барселона, Атлетико Мадрид избори пласман на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во 2025 година.

Тоа значи дека мадридскиот тим од старт ќе заработи 50 милиони евра што ќе биде значајна финансиска инјекција.

Поради лошите резултати во Лигата на шампионите во последните години, Барселона нема да учествува во ова натпреварување. Им требаше полуфинале за тоа да се случи, но не успеаа да стигнат до него.

До овој момент се познати 11 од 12 екипи од Европа кои ќе настапат на Светското клупско првенство, тоа се: Манчестер Сити, Реал Мадрид, Челси, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус и Атлетико Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ