сабота, 27 јули 2024
Наскоро ќе го презентира предлогот пред Ла Лига

Барса ја подготви понудата за Меси, Аргентинецот ќе треба да прифати четири пати помала плата

Објавено на

часот

Сподели

Барселона сака да го врати Лео Меси на Камп Ноу, но пред да почнат сериозните преговори со Аргентинецот, клубот од Камп Ноу ќе мора да добие зелено светло за регистрација на фудбалерот.

Како што пренесуваат Спорт и Мундо Депортиво, Барса наскоро пред Ла Лига ќе ја презентира понудата. „Каталонците“ веруваат дека ќе добијат зелено светло за годишна плата од 25 милиони евра бруто.

Тоа значи дека Лео Меси ќе заработува четири пати помалку од она што го заработуваше во сезоната 2020/21, кога договорот му беше тежок 100 милиони евра бруто.

Бруто плата од 25 милиони евра во превод значи околу 13 милиони евра нето, платата што во моментов ја заработува Роберт Левандовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ