Барселона влезе како огромен фаворит во пресметката против локалниот ривал Еспањол и за брзо време беа решени сите дилеми.
Олмо го отвори резултатот, Рафиња зголеми на 2-0, а по половина час игра, Олмо по втор пат се запиша во листата на стрелците за 3-0,
Во продолженито од мечот, гостите стигнаа само до почесен гол преку Паудо во 63. минута. За одбележување е и тоа дека Еспањол имаше два поништени погодоци поради милиметарски офсајд.
Со денешниот резултат, Барселона стигна до голгетерски учинок каков што немале повеќе од 70 години.
По 12 кола во Ла Лига, „каталонците“ имаат постигнато дури 40 погодоци, најдобриот скор им е 42 погодоци во сезоната 1950/51.