сабота, 19 октомври 2024

Барса ги пушти Роке и Ленгле на позајмици, сега ќе може да го регистрира Олмо

Барселона денеска потврди дека Витор Роке оди во Бетис, а Клемен Ленгле оди во Атлетико Мадрид, двајцата на едногодишни позајмици.

Објавено на

часот

Сподели

Каталонскиот клуб ослободи дел од финансиите за плати откако ги пушти Роке и Ленгле на позајмици.

„Барселона и Бетис се договорија за позајмица за една сезона на Витор Роке со опција и за втора година“, стои во соопштението на Барселона.

Веднаш по ова соопштение следуваше и потврда за Ленгле.

„Барселона и Атлетико Мадрид постигнаа договор за позајмица на Клемен Ленгле до 30 јуни 2025 година“, објави клубот.

Бетис и Атлетико Мадрид исто така ги потврдија позајмиците.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ