понеделник, 16 декември 2024

Барса џабе имаше 80% посед на топка, Леганес ги однесе трите бода од „Монжуик“ (ВИДЕО)

Леганес приреди големо изненадување во последниот натпревар од 17. коло во Ла Лига и славеше со 0-1 на гостувањето кај лидерот Барселона.

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ загубија на втор натпревар по ред пред своите навивачи, вечерва Леганес славеше на „Монжуик“.

Гостите поведоа рано, уште во 4. минута Гонзалез по еден корнер ја затресе мрежата на Пења.

Ретко кој очекуваше овој резултат да биде конечен, но избраниците на Ханси Флик немаа своја вечер.

Џабе им беше и посед од 80%, креираа неколку убави прилики, но Дмитровиќ ги фрустрираше и со одлични интервенции го сочува својот гол.

По овој пораз, Барселона сега ризикува да го загуби врвот на табелата, може да падне и под Атлетико Мадрид, и под Реал Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ