сабота, 27 јули 2024
„Кралевите“ чекор поблиску до титулата по триумфот на „Ел Класико“

Барса два пати водеше но Белингем им станува кошмар, гол во 91. минута за победа на Реал (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја совлада Барселона со 3-2, Џуд Белингем повторно беше херој на „кралевите“ и со гол во последните мигови донесе триумф на „Ел Класико“.

Објавено на

часот

Сподели

Завршницата во Ла Лига нема да биде неизвесна, Реал Мадрид вечерва ја совлада Барселона со 3-2 и се одлепи на +11 на врвот на табелата.

Гостите два пати водеа, но домаќините на крајот славеа со 3-2, Џуд Белингем повторно беше херој и слично како на првото „Ел Класико“ оваа сезона, во финишот погоди за триумф.

Барса поведе веќе во 6. минута, Кристенсен искористи една лоша проценка на Лунин, и погоди за 0-1 по еден корнер.

Реал Мадрид се врати во игра во 18. минута, Лукас Васкез на искуство изнуди пенал од младиот Кубарси, а Винисиус Жуниор од белата точка реализираше за 1-1.

Фермин Лопез ги врати „каталонците“ во предност во 69. минута од мечот, но „кралевите“ брзо одговорија, Лукас Васкез изедначи на 2-2 во 73. минута.

И кога се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени, една топка стигна до Џуд Белингем на подлечната статива, а Англичанецот го матираше Тер Штеген за 3-2 во 91. минута од мечот за огромна радост на „Бернабеу“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ