сабота, 27 јули 2024

Барнли испадна од Премиерлигата (ВИДЕО)

Тотнем со 2-1 го совлада Барнли и го прати во Чемпионшип, Евертон се разигра во финишот од сезоната и запиша уште една победа, овојпат над Шефилд јунајтед, Њукасл и Брајтон одиграа нерешено 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

Барнли е вториот тим кој и официјално испадна од Премиерлигата, со денешниот пораз кај Тотнем ги загубија и теоретските шанси за опстанок.

Барнли поведе со гол на Брун Ларсен во 25. минута, но само седум минути подоцна Поро изедначи на 1-1.

На осум минути до крајот на мечот гол даде Ван де Вен за победа на Тотнем од 2-1.

Евертон со гол на Докурен во 31. минута го совлада Шефилд јунајтед со минимални 1-0.

Брајтон со гол на Велтман од 18. минута водеше кај Њукасл со 1-0, домаќините израмнија на 1-1 во судиското продолжение од првото полувреме со гол на Лонгстаф.

Вест Хем со пресврт го совлада Лутон со 3-1. Ако Нотингем форест денеска не загуби од Челси, Лутон ќе испадне од лигата.

Брентфорд со 2-1 славеше на гостувањето кај Борнмут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ