Турските медиуми објавија дека по мечот, тренерот Шенол Ѓунеш тотално полудел и одржал говор во времетраење од 26 минути. Сезоната ја прогласил за загубена и покрај тоа што Трабзон се уште е во игра за два трофеја, а притоа најавил дека ќе се обиде да ја разбуди екипата со тоа што ќе ги врати избрканите четворица фудбалери, а исто толку ќе исфрли од тимот.
Четворицата повратници се Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил, Умут Бозок и капитенот на македонската репрезентација Енис Барди. Сите четворица минатиот месец беа исфрлени од екипата на инсистирање на Ѓунеш и испратени да тренираат одвоено, за да ја подобрат својата форма.
Барди ги пропушти последните пет натпревари во првенството, а на теренот не бил од 26 октомври кога играше против Гезтепе. На тие пет меча на кои Барди не играше, Трабзон освои само четири бода и три пати беше поразен. Се шпекулираше дека ќе биде продаден во јануарскиот преоден рок, но новиот развој на настаните најавува поинакво сценарио.