сабота, 27 јули 2024

Барди се повреди, неизвесен е за натпреварите на Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди заработи повреда на натпревар на Трабзонспор.

Објавено на

часот

Сподели

Барди мораше да излезе од игра по само 17 минути. Уште е нејасно за каква повреда се работи. Дополнителните прегледи ќе го дадат одговорот на тоа.

Доколку се работи за повреда за која е потребна пауза, Барди ќе ги пропушти двата престојни пријателски натпревари на Македонија.

Македонската репрезентација на 3. јуни игра со Хрватска и Ријека, а седум дена подицна ѝ гостуваме на Чешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ