сабота, 21 декември 2024

Барди сака реприза против Летонија: Нека биде како пред пет години

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди вели дека нема ништо против утре да се повтори мечот од пред 5 години кога „црвено-жолтите“ со 0-2 славеа на гостувањето кај Летонија.

Објавено на

часот

Сподели

Енис Барди има убави спомени од пресметката против Летонија во 2019, во натпревар од квалификациите за ЕП 2020, Македонија славеше со 0-2, а фудбалерот од средниот ред се запиша во листата на стрелци заедно со Горан Пандев.

„Како и секогаш, одгворноста е кај секој од нас. Јас ќе го дадам најдоброто од себе, па дај Боже да биде како пред пет години“ – вели капитенот на македонската репрезентација.

„Помина грипот, добро се чувствувам и сум максимално подготвен за настап“.

„Кога играте под притисок за докажување, секогаш од себе вадите максимален квалитет. Притисокот треба секогаш да го чувствуваме и треба да најдеме начин да го дадеме најдоброто од себе“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ