сабота, 19 октомври 2024

Барди: Овој пат против Украина ќе биде поинаку

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе се соочи против Украина во шестото коло од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година, а Енис Барди кажа дека ќе одиграат на највисоко можно ниво.
 

Објавено на

часот

Сподели

Барди најави дека ова ќе биде поинаков натпревар против Украина и ќе дадат сè од себе за да освојат три бода.

„Ние меѓу нас постојано зборуваме за нашите грешки, аномалии, за менталитетот кој сакаме да го смениме. Овој пат ќе биде поинаку. Сакаме да се концентрираме на овде и сега. Научивме доста од тоа што се случи тогаш, но натпреварот е утре и се фокусираме на тоа. Со самото тоа што сме овде и го носиме дресот на репрезентацијата значи дека најдобрите сме овде и нема начин како да се мотивираме повеќе од тоа. Така ќе биде и утре, ќе се обидеме да дадеме максимум од нас за да дојдеме до победа на овој натпревар“, вели Барди.

Македонскиот репрезентативец посочи дека во минатиот дуел против Украина имале недостаток на концентрација и тоа било казнето од ривалот.

„Против Украина не беа грешки во средниот ред, туку недостаток на концентрација, ситници по кои може да те казнат. Но, секој од нас ќе земе одговорност. Натпревар без притисок не може да се очекува, така очекуваме да биде и утре и да ги избегнеме тие грешки или аномалии во играта“, кажа македонскиот фудбалер.

Англија е лидер во групата со 13 бодови, додека Италија, Украина и Македонија имаат по седум бодови, а Малта е без бод.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ