Енис Барди во брзо време може да ја заврши авантурата во Леванте, како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Македонецот ќе биде еден од првите фудбалери кои ќе бидат ставени на продажба.
Леванте треба до 30. јуни да прибере нешто над 10 милиони евра за да се покрие минусот и веќе се водат разговори.
За услугите на Енис Барди во јануари интерес пројавија неколку клубови, се говореше за трансфер во Серија А, но една ваква зделка на крајот не се реализираше.