Барди оваа сезона почесто беше надвор од теренот отколку на него. Неколку месеци беше и потполно изолиран, тренираше индивидуално, а сето ова кулминира со раскин на договорот.
За Барди е добро што сега како слободен играч ќе може да го побара неговиот нов клуб, а се пишува дека има неколку понуди од Шпанија.
Како најзагреан за неговиот потпис се посочува Еспањол, наводно заинтересирани се и Легањес и Рајо Ваљекано.
Не се отфрла можност Барди да остане и во Турција, но да се пресели во друг клуб.