По успешниот настап во Лигата на нации, пред Македонија сега е голем предизвик и квалификациите за мундијалот во САД, Канада и Мексико.
Прв противник на „црвено-жолтите“ е Лихтенштајн, нашите момци се фаворити, но капитенот Енис Барди вели дека ова ќе мора да го потврдиме на теренот.
„Во денешниот модерен фудбал нема фаворити, сите заслужуваат почит и бодовите треба да се заслужат на теренот“ – вели Енис Барди.
„Ова е нов старт за нас, сакаме да ја однесеме Македонија онаму каде што сонуваме и да направиме многу во овој циклус“.
„Имаме квалитет, ќе ни треба енергија и желба за победа против Лихтенштајн, и секако, ќе мора да влеземе со 100%“.