Валенсија е еден од низата клубови кои во последниве десет дена се појавија како опција за Барди, покрај Осасуна и Жирона, кои исто така се заинтересирани за македонската „десетка“ и италијански Торино, кој веќе пратил понуда за да го земе фудбалерот за врска на заем со опција за откуп идното лето.
Барди мина пет години во Валенсија, но не како фудбалер на „љиљаците“, туку како член на помалиот Леванте, па минатото лето за три милиони евра се пресели во Трабзон. Според информациите од Турција, Трабзон е расположен да го даде Барди на заем, но само ако новиот клуб потполно ја покрие неговата плата од 1,3 милиони евра.
Засега, не е познато дали Валенсија планира да го земе Барди на заем или да го откупи за три-четири милиони евра, но великанот од „Местаља“ бил ептен загреан за да го донесе, а и Барди би сакал да се врати во Шпанија, каде многу брзо и ептен добро се прилагоди, како на животот, така и на фудбалот во Ла Лига.