сабота, 27 јули 2024

Барди би можел да се пресели во Бундеслигата, во тим кој игра во Лигата на шампионите

Во јануарскиот преоден рок Енис Барди би можел да го напушти Трабзонспор и да се пресели во Бундеслигата, во тимот на Унион Берлин.
 

Објавено на

часот

Сподели

Причината е новиот тренер на Унион Берлин, Ненад Бјелица кој работеше со Барди во Трабзонспор.

Наводно по барање на Бјелица, Унион Берлин стапил во контакт со Трабзонспор и почнати се преговори за трансфер на Барди.

Барди сега не е стандарден, па веројатно Трабзон нема да му прави проблем за трансфер.

Унион Берлин лани беше фантастичен, избори место во Лигата на шампионите, но оваа сезона игра очајно и се бори за опстанок во Бундеслигата. 

Во последното коло од ЛШ го пречекуваат Реал Мадрид, имаат теоретски шанси само за третата позиција која води во Лига Европа, но потребно е да го победат кралскиот клуб, а Брага да загуби од Наполи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ