Причината е новиот тренер на Унион Берлин, Ненад Бјелица кој работеше со Барди во Трабзонспор.
Наводно по барање на Бјелица, Унион Берлин стапил во контакт со Трабзонспор и почнати се преговори за трансфер на Барди.
Барди сега не е стандарден, па веројатно Трабзон нема да му прави проблем за трансфер.
Унион Берлин лани беше фантастичен, избори место во Лигата на шампионите, но оваа сезона игра очајно и се бори за опстанок во Бундеслигата.
Во последното коло од ЛШ го пречекуваат Реал Мадрид, имаат теоретски шанси само за третата позиција која води во Лига Европа, но потребно е да го победат кралскиот клуб, а Брага да загуби од Наполи.