недела, 3 ноември 2024

Барби станува „еко“

Објавено на

часот

Сподели

Активистите на „Гринпис” поставија постер на зградата на „Мател”

До крајот на 2011, 70 отсто од материјалот што се употребува за амбалажа на играчките што ги произведува гигантот „Мател“ ќе биде материјал погоден за рециклирање, а овој процент до 2015 година се очекува да порасне до 85 отсто. По жестоката реакција на „Гринпис“ дека пакувањето за најславната кукла од оваа компанија ќе им направи штета на индонезиските шуми, поради неопходната целулоза, „Мател“ се обиде да ја смири топката, па не го симнува постерот од „Гринпис“ закачен на самата зграда на „Мател“. На постерот пишува „Барби, готово е!“, а пораката ја пренесува нејзиното „момче“, куклата Кен, кој повеќе не сака да има девојка што учествува во уништување на белодробните органи на тропските зеленила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ