петок, 26 јули 2024

Барањето за преиспитување на пресудата за Јанакиески во Титаник е неосновано, пресече Врховниот суд

Барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како Титаник, а поднесени од осудените Миле Јанакиески и Коста Митроски се неосновани, информираа денеска од Врховниот суд. 

 

Објавено на

часот

Сподели

Советот за казниви дела при Врховниот суд, на седницата одржана на ден 24 јануари 2024 година одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како Титаник. Советот донесе пресуда со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје од 28 февруари 2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 18 мај.2023 година, поднесени од осудените М.J. и К.М., ги одби како неосновани“, се наведува во соопштението на Врховниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ