сабота, 27 јули 2024

„Бараме плата за достоинствен живот“: од штрајкот на Пошта (ФОТО+ВИДЕО)

Со слоганите „Бараме плата за достоинствен живот“, „Намалување на директорските трошоци, службени возила, репрезентации“, „Платата во Пошта = социјална помош“, вработените во националната Пошта денеска одржаа двочасовен штрајк пред нејзината Дирекција.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференцијата синдикалните организации на Пошта ја повикаа Владата да обезбеди финансиски средства за редовна исплата на плата, а побараа и да се преземат итни мерки за реформирање и реорганизирање на компанијата.

Тие рекоа дека доколку не се исполнат барањата на вработените, протестот ќе продолжи понатаму, а ќе почнат и постапка за организација на штрајк.

Присутните побараа исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во претпријатието, кое е во финансиска криза.

Според Синдикатот, комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, тоа нема слух за проблемите на вработените и не се придржува до договорените ставови, права и обврски.

„Повеќе пати разговаравме со новиот директор, но не добивме конкретен одговор кога ќе има исплата на плата. Сведоци сме дека денеска нема плата за работниците, а законскиот рок е до 15-ти во месецот. Моментално се 1.800 вработени и околу 200 поштари на договор. Исто така, бараме и да се реши статусот на поштарите, кои работат за минимална плата и без здравствено осигурување“, рече претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов.

Фото: Роберт Атанасовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ