Поранешниот претседател и неговата сопруга и понатаму се популарни меѓу демократските гласачи и се очекува да бидат ефикасни во помошта на Харис во последниот дел на кампањата пред изборите на 5 ноември.
Анкетите покажуваат дека претседателската трка меѓу Харис и републиканскиот ривал Доналд Трамп и понатаму е исклучително тесна.
Мишел Обама за првпат во овој изборен циклус ќе учествува во кампањата и ќе се појави со Харис во сабота, 26 октомври во Мичиген. Во говорот на Демократската национална конвенција во Чикаго претходно годинава поранешната прва дама го обвини Трамп за ширење страв на патот до власта.
Барак Обама би требало да води кампања со Харис во четврток во Џорџија. Тој веќе и сам помина по некои клучни држави, оние во кои победата би можел да ја однесе кој било кандидат. Повеќето американски држави се традиционално склони на демократите и републиканците, па во фокусот на кандидатите најчесто се токму клучните држави.
Во претстојните денови Обама ќе ги посети Тусон, Лас Вегас, Детроит и Медисон.
Барак Обама доби и критики по своето прво појавување во кампањата кога кажа дека некои црнци немаат добро чувство „да имаат жена за претседател“. Некои сметаат дека поранешниот претседател помогна да се исфрли Џо Бајден од трката по загриженоста на демократите за капацитетот на 81-годишниот лидер по неговата катастрофална дебата со Трамп во јуни.