сабота, 27 јули 2024

Банка доверител е нов сопственик на Еуроникел, вработените се надеваат дека ќе се најде инвеститор

На вчерашната лицитација од страна на кавадаречки извршител, банка што се јавува како една од доверителите се јавила како купувач на недвижниот имот и опремата во сопственост на ,фабриката Еуроникел. 

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Синдикатот, Миле Ѓорѓиев информираше дека токму банката ги известила дека изминатиов период остварила контакти со неколку потенцијални инвеститори, но со оглед дека на јавните лицитации не се јавил друг заинтересиран купувач, врз основа на одлука од надзорниот одбор, банката се јавила како купувач и се стекнала со сопственост врз недвижниот имот и опремата.

„Со ваквиот чекор се овозможува да се обезбеди најдобра можна заштита на производниот комплекс, како и непречено и интензивно да продолжат преговорите за продажба на имотот и опремата во најдобар интерес на сите заинтересирани страни. Во овој момент од клучен интерес е сите инволвирани страни да ги преземат сите потребни активности да се заштити вредноста на производниот комплекс и да се одржи во непроменета состојба недвижниот имот и опремата потребна за нормално одвивање на производниот процес“, изјави за МИА Ѓорѓиев кој кажа дека за новонастанатата состојба ги информирала банката.

Оттаму поочиле дека ги презеле дополнителните обврски и директно извршиле плаќање на обврските за електрична енергија за дополнителен период, со цел да им се даде доволно време на потенцијалните инвеститори да извршат анализа на целокупната состојба.

„Со ова обраќање, укажуваме на сите вработени, а особено на менаџментот, управителите и сопствениците на ,Еуроникел, дека нема да се толерира никаква промена на состојбата на имотот и ќе се преземат соодветни постапки во кои ќе се бара материјална и кривична одговорност за било какви дејствија или пропуштање на дејствија кои ќе доведат или може да доведат до намерно или небрежно намалување на вредноста или функционалноста на било кој дел од имотот. Заради итно преземање на заштитни мерки за одржување на состојбата, вредноста и функционалноста на имотот, потребно е веднаш да отпочнат подготвителни активности за предавање на имотот во владение на Банката, поради што денеска таа ќе испрати свои претставници кои треба да извршат увид во производниот комплекс“, им пишале од банката, на синдикалните претставници и раководството на фабриката. 

Еуроникел индустри се соочува со тешкотии во работењето, а синдикатот неколку пати со протести и блокади на патиштата го изрази својот револт, барајќи што побрзо да се изнајде нов инвеститор и да се реши судбината на околу 800 вработени и нивните соработници. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ