сабота, 27 јули 2024

Банди во Британија заработуваат до 1,8 милиони евра дневно од превезувањето мигранти преку Ламанш

Криминални банди во Британија заработуваат и до 1,8 милиони евра дневно од шверцување мигранти во чамци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На 4 март, во седум мали чамци, на британскиот брег биле прошверцувани 401 лице – што е рекорд во 2024 година.

Во анализа на Лабуристичката партија е откриено дека, според француската полиција, просечната цена која ја бараат шверцерите од луѓето кои сакаат со нивна помош да го преминат Ламанш изнесува околу 4.000 фунти по човек, што значи дека овие нелегални мигранти им платиле на бандите околу 1,6 милиони фунти, односно околу 1,8 милиони евра.

„Криминалните шверцерски банди остваруваат огромен профит од овие ужасни зделки“, кажа министерката за внатрешни работи на Британија во сенка Ивет Купер.

Нејзината Лабуристичка партија „не би трошела милијарди на финтата со Руанда“, додаде таа.

„Лабуристите би се пресметале со шверцерските банди кои управуваат со малите чамци и би организирала прекугранична полициска единица кој би тргнала по нив по водата и би го уништила нивниот бизнис модел“, наведе Купер.

Повеќе од 40.000 мигранти се доведени во Велика Британија со чамци откако Риши Сунак стана премиер, и покрај фактот што ветувањето дека ќе ги сопре беше едно од клучните на почетокот на неговиот премиерски мандат.

Портпарол на британското министерство за внатрешни работи кажа: Оваа влада е посветена на разбивањето на бизнис моделот на бандите, на обезбедување на границите и сопирање на чамците.

Преземавме силни акции да ги сузбиеме овие криминалци, да ги одвратиме мигрантите од опасните преминувања и, заедно со нашите француски колеги, да ги пресретнеме чамците“.

На мигрантите кои нелегално влегле во Британија, владата на таа земја планира да им понуди по 3.000 фунти ако доброволно се согласат да одат во Руанда.

Британскиот Врховен суд на крајот на минатата година одлучи дека планот на владата да се депортираат азилантите во Руанда е незаконски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ