сабота, 27 јули 2024

Балтичките земји почнаа да градат бункери на границата со Русија

Балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија сакаат да ги обезбедат своите граници со Русија и Белорусија од можни напади, користејќи стотици бункери, изјавија денеска министрите за одбрана на тие земји.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Министрите потпишаа договор во Рига според кој Естонија, Летонија и Литванија ќе градат одбранбени објекти во наредните години за да се одвратат и, доколку е потребно, да се одбранат од воени закани, соопшти естонското Министерство за одбрана.

„Војната на Русија во Украина покажа дека освен опрема, муниција и војници, потребни се и одбранбени објекти на границата за одбрана на Естонија од првиот метар“, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.

Тој нагласи дека целта на одбранбените објекти е „да се спречи воен конфликт во регионот“.

„Го преземаме овој чекор за жителите на Естонија да се чувствуваат безбедни, а доколку се појави и најмал ризик, ќе бидеме подготвени за различни сценарија“, додаде Певкур.

Според медиумите, изградбата на објектите треба да започне во 2025 година. За ова првично се предвидени околу 55 милиони евра. Ќе се создаде систем на бункери и линии за снабдување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ