сабота, 27 јули 2024

Балотели се изгубил во училиште

Објавено на

часот

Сподели

Контроверзниот Балотели, чие однесување е на ниво на предучилишна возраст, е член на Манчестер сити. Тој своето Бентли го паркирал пред Ксаверијан Колеџ и упаднал во училиштето, барајќи тоалет. Затечените ученици ги прашувал каде да оди и откако лутал низ школото, некако успеал да го најде патот за да ја изврши својата физиолошка потреба.

На крај завршил во просториите на школскиот одбор, а остана неоткриено дали разговарал со наставниците на школото.

„Откако излезе од просториите, шеташе низ школото како да е дома, а зад него го следеше колона на ученици. Беше неверојатно, но смешно. Дефинитивно не се очекуваше вакво нешто“, изјавил Едвард Гасон, ученик во основното училиште.

Балотели често е на насловните страници на медиумите за своите киксови и на и надвор од теренот, како што беа случаите со облекувањето на маркерот, потпалувањето на својата бања со пиротехнички средства, циркузантското однесување на тренинзите и по пабовите…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ