петок, 18 октомври 2024

Балотели: Мечот меѓу Италија и Македонија ми зададе најголема болка

Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели вели дека посебно емотивно го поднел поразот на Италија од Македонија во Палермо.
 

Објавено на

часот

Сподели

Иако Балотели не беше дел од составот на Италија за тој меч, вели дека дуелот му задал многу болка.

„Повеќе не ги гледам натпреварите на Италија. Премногу боли што не сум таму. Понекогаш ги мразев луѓето кои работат за националниот тим, но искрено, не можам да ги гледам нивните натпревари затоа што би сакал да бидам вклучен. Му должам многу на Манчини, но и тој на мене. Италија – Македонија ми ја зададе најголемата болка. Мислам дека никогаш не се опоравив од таа тага. Ја презедов одговорноста што не се квалификувавме за Светското првенство, иако не играв, бидејќи некои ‘сенатори’ немаа храброст да истапат“, вели Балотели.

Тој сепак беше дел од поширокиот список на селекторот Манчини и тренираше на подготвителниот камп во јануари, два месеца пред баражот. Сметал дека направил доволно за да биде повикан и да помогне, но…

„По подготовките, Манчини ми рече дека повикот за мене е речиси загарантиран, но после тоа, повеќе не креваше телефон и не ми даде објаснување. Можеби некои играчи не го сакаа Балотели, сигурно тоа не беше негов избор, 100% сум сигурен. Некој од горните катови или некој меѓу играчите повеќе не ме сакаше. Потоа размислував за повлекување од репрезентацијата, но во однос на квалитетот, нема некој друг како мене. Никогаш нема да се откажам од Италија“, додаде 33-годишниот напаѓач.

По неколку сменети клубови, сега се врати во Адана Демирспор, во турското првенство, каде што настапуваше и во 2021/22. Тогаш постигна 18 гола на 33 меча, а сега два на дебитантскиот. Смета дека има уште што да ѝ понуди на Италија.

„Би прифатил да не бидам стартер бидејќи знам дека никој не може да направи разлика повеќе од мене, дури и кога доаѓам од клупата. Спалети е идеален тренер, но уште нема многу време за да ги пренесе своите идеи“, додава Балотели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ