сабота, 27 јули 2024

Балотели го „реши“ Тотнем (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лескот го постигнува вториот гол за Манчестер сити

Марио Балотели, контроверзниот Италијанец го „реши“ Тотнем со изнудениот пенал и голот од белата точка во 94. минута. Ледли Кинг, беше трагичар затоа што извиси во последниот напад, па го направи пеналот врз Балотели, кој им овозможи на граѓаните голема победа.

Сосема поинаку ќе беше ако Балотели наместо шанса за херој, беше исклучен и станеше трагичар, откако намерно го згазна Скот Паркер, а судијата тоа не го виде.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=gIFPQVqEXho]

Друга ќе беше приказната и ако Џермејн Дефо, минута пред пеналот, не промашеше нешто што не се промашува. Манчестер сити и Тотнем одиграа дерби за паметење во кое, домаќинот набрзина поведе со 2-0 за 180 секунди (56-59 минута) во првата третина од вториот дел преку Самир Насри и Џулијан Лескот. Пет минути, пак, им беа потребни на лондонците да израмнат, преку Дефо и прекрасниот гол на Герет Бејл во периодот 60-65 минута.

Со победата, Сити привремено е прв со шест бода повеќе од Јунајтед, а Тотнем со поразот веќе и се прости од трката за титулата. За половина час „црвените ѓаволи“ го играат дербито во Лондон против Арсенал, кое може да ја скрои трката за титулата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ