„Што се однесува до проблемите во коалицијата, мислам дека сега во овој период најзначајна работа ни се уставните измени, да видиме тие какви ќе бидат, какви ќе бидат амандманите што ќе се предложат од Комисијата. Има начин да разговараме и за уставните измени, меѓутоа и за сите проблеми што постојат во функционирањето на Владата“, рече Балкоски.
Тој потенцира дека остануваат во коалицијата, меѓутоа, како што посочи, ќе ги кажат нивните ставови.