сабота, 27 јули 2024

Бајката во Барселона кратко траеше, Надал елиминиран во второто коло

Рафаел Надал е елиминиран во второто коло на АТП турнирот во Барселона, попладнево Шпанецот со 2-0 во сетови загуби од Алекс Де Минор.

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Надал синоќа имаше успешен камб-бек на турнирот кој го има освоено 12 пати, лесно славеше против Флавио Коболи, но бајката во Барселона кратко траеше.

Шпанецот денеска се сопна на првиот посериозен тест и загуби со 2-0 во пресметката против Алекс Де Минор.

Публиката виде интересна битка во првиот сет, кој Де Минор го доби со 7-5 по голема бобра.

Но во вториот сет, Рафаел Надал имаше голем пад, а Де Минор го искористи тоа за убедливи 6-1 и пласман во третото коло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ