сабота, 22 јуни 2024
Пред изборите кај социјалдемократите

Бајдевски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Денеска во седиштето на СДСМ кандидатура за претседател на партијата поднесе и Александар Бајдевски. Тој е четвртиот кандидат за лидер на социјалдемократите, откако вчера кандидатури поднесоа Славјанка Петровска, Венко Филипче и Јован Деспотовски.

Објавено на

часот

Сподели

Бајдевски е заменик-министер за информатичко општество и администрација. Во минатото има извршувано повеќе јавни функции кои биле под ингеренции на Владата.

Тој е роден во 977 година. Дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ – насока финансиско сметководствен менаџмент. Од 2000 до 2005 година бил советник во Советот на Општина Кисела Вода. Во 2005 година бил ангажиран како советник за статистичко-аналитички работи во Централниот регистар. Во периодот од 2005 до 2006 година работел како соработник во канцеларијата на премиерот. Потоа, до 2010 годна бил ангажиран во Генералниот секретаријат на Владата, а година потоа почнува да работи во Министерството за информатичко општество и администрација, каде од 2017 година па до сега е заменик министер.

Во СДСМ извршувал повеќе функции, меѓу кои и претседател на Градската организација – Скопје.

Инаку, рокот за поднесување на кандидатури истекува денеска. СДСМ лидер ќе избира на 30 јуни, а на 9 јуни на Конгрес ќе се анализираат причините за катастрофалниот изборен пораз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ