понеделник, 20 јануари 2025

Бајденови ги пречекаа Доналд и Меланија Трамп: Добредојдовте дома (ВИДЕО)

Претседателот Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден денеска ги пречекаа новоизбраниот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија во Белата куќа по службата во епископската црква Свети Јован.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Добредојдовте дома“, му рече Бајден на Трамп додека го поздравуваше при влегувањето, објави Си-ен-ен.

Запрашан да ѝ каже на јавноста која е неговата порака до американскиот народ за денес, Бајден накратко рече: „Радост“.

Бајден, според традицијата што ја започна поранешниот претседател Роналд Реган, му остави писмо на Трамп, но не кажа што му напишал на својот наследник во него.

На прашањето на новинарите пред Белата куќа дали напишал писмо, Бајден одговори „Да“, одбивајќи да открие повеќе детали.

„Тоа е помеѓу мене и Трамп“, рече тој, според извештаите на печатот.

Во 2021 година, Трамп му остави писмо на Бајден, кој подоцна го опиша како „многу великодушно“.

Содржината на писмото што Доналд Трамп му го остави на Џо Бајден во 2021 година не е објавена во јавноста. По инаугурацијата, на социјалните мрежи кружеше лажна слика од наводното писмо со порака: „Џо, знаеш дека јас победив“. Сепак, тоа беше монтажа, а вистинската содржина на писмото остана приватна.

Бајден и Трамп се заедно, исто така, според традицијата, со своите сопруги, со кои пиеја чај во Белата куќа, по што претседателот во заминување ќе го придружува новоизбраниот претседател до американскиот Капитол на церемонијата на положување заклетва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ