Претседателот Бајден изрази сочувство за смртта на 39-от претседател на САД и добитник на Нобеловата награда за мир, Џими Картер и го прогласи 9 јануари за ден на жалост во негова чест, објави Канцеларијата за печат на Белата куќа.
Тој, исто така, го повика американскиот народ да се собере на тој ден за да му оддаде чест на претседателот Џејмс Ерл Картер Џуниор. „Ги поканувам луѓето ширум светот кои ја делат нашата тага да ни се придружат на оваа свечена комеморација“, рече Бајден.
Today, America and the world lost an extraordinary leader, statesman and humanitarian. pic.twitter.com/Ki7Rhbent0
— President Biden (@POTUS) December 29, 2024
Бајден, исто така, нареди знамињата да бидат спуштени на половина копје во чест на 39-от претседател на Соединетите Американски Држави во период од 30 дена по неговата смрт.
39-от претседател на САД, Џими Картер, почина на 100-годишна возраст, откако одби понатамошно лекување. Добитникот на Нобеловата награда за мир се бореше со меланом и ги помина последните денови во својот дом.
Following the Death earlier today of the 39th President of the United States, Jimmy Carter; President Joe Biden has appointed January 9th, 2025 as a National Day of Mourning, while ordering the Flag at all Government Buildings, Military Posts, Naval Vessels, and Embassies… pic.twitter.com/KZLUl9OEzY
— OSINTdefender (@sentdefender) December 30, 2024