сабота, 27 јули 2024

Бајден за пукањето во Тексас: Кога, побогу, ќе му се спротивставиме на оруженото лоби

Објавено на

часот

Сподели

„Прекрасни, невини, ученици од второ, трето, четврто одделение. И колку десетици мали деца се сведоци на она што се случи, ги видоа своите другарчиња мртви, како да се на бојно поле, побогу“, рече Бајден, пренесе Си-ен-ен.

Тој додаде дека да се изгуби дете е „како да се изгуби дел од душата“. Тој изјави и дека се чувствува „како да се гуши“.

Тој ја повика нацијата да се моли за жртвите и да се „спротивстави на оруженото лоби“ поради последните настани.

„Затоа, вечерва ја повикувам нацијата да се моли за нив, да им даде на родителите и браќата и сестрите сила во безнадежноста што ја чувствуваат денес. Како народ, треба да се запрашаме кога, побогу, ќе се спротивставиме на ова оружено лоби? Кога побогу, ќе го направиме она што знаеме дека треба да се направи“, праша Бајден.

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, како што е идентификуван од полицијата, вчера упадна во основно училиште во Увалда, Тексас и почнал да пука при што уби 19 ученици и еден наставник. Полицијата соопшти дека е убиен и Рамос, кој посетувал средно училиште во Увалда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ