сабота, 27 јули 2024

Бајден за пристапот на Нетанјаху во војната во Газа рече дека е „погрешен“

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во војната во Газа е „погрешен“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Унивижн, американската ТВ мрежа на шпански јазик, нудејќи дополнителни критики за израелското справување со конфликтот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека тоа што го прави е грешка. Не се согласувам со неговиот пристап“, изјави Бајден за Унивижн.

Американскиот претседател, исто така, претходно за израелското бомбардирање на Газа рече дека е „неселективно“, а воените дејствија се „претерани“.

Белата куќа минатата недела објави дека претседателот, во разговор со Нетанјаху, се заканил дека ќе ја услови американската поддршка за израелската офанзива со преземање конкретни чекори за заштита на хуманитарните работници и цивилите. Тој повик уследи по израелскиот воздушен напад во кој загинаа седум работници од хуманитарната група Светска централна кујна.

„Она на што повикувам е Израелците само да повикаат на прекин на огнот и во следните шест, до осум недели да овозможат комплетен пристап до целата храна и лекови што влегуваат во земјата“, рече Бајден во интервјуто.

Израелскиот воен напад врз Газа е предмет на зголемени меѓународни критики. На домашен план, Бајден исто така се соочува со повеќемесечни протести на антивоени активисти, муслимани и арапски Американци низ целата земја, кои бараат траен прекин на огнот во Газа и ограничување на американската воена помош за Израел.

Во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, според израелските податоци беа убиени околу 1.200 луѓе. Во израелскиот воен напад што следеше врз Газа, со која управува Хамас, според локалното Министерство за здравство се убиени повеќе од 33.000 луѓе, додека повеќето од 2,3 милиони жители се раселени.

Соединетите Држави традиционално го штитат Израел во Советот за безбедност на ОН и ставија вето на три нацрт-резолуции за војната во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ