вторник, 22 октомври 2024

Бајден врши притисок врз Нетанјаху за постигнување прекин на огнот во Газа

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за начините за постигнување потенцијален прекин на огнот во Газа и договор за заложниците, соопшти Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повикот уследи по бурната посета на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Блискиот Исток, која заврши во вторникот без договор меѓу Израел и милитантите на Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.

Блинкен и посредниците од Египет и Катар ги положија своите надежи во предлогот на САД за премостување на јазот меѓу условите на двете страни во 10-месечната војна во Газа.

„Претседателот Бајден го контактираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да разговараат за договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците и за дипломатските напори за деескалација на регионалните тензии“, се вели во соопштението на Белата куќа.

На повикот се приклучи и потпретседателката Камала Харис, која во четврток во Чикаго официјално ќе ја прифати номинацијата за претседателски кандидат на Демократската партија на изборите на 5-ти ноември.

Се очекува Белата куќа да открие повеќе детали за содржината на повиците.

Се очекуваше Бајден да изврши притисок врз Нетанјаху да го ублажи новото барање на Израел да ги задржи силите долж копнениот коридор меѓу Египет и Газа, изјави американски официјален претставник пред повикот.

Постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа е приоритет за Бајден. Висок американски функционер во петокот изјави дека разговорите се поблиску до договор, но конечниот договор сè уште се чини недостижен.

Во преговорите за прекин на борбите во 10-месечната војна, Хамас бара целосно повлекување на Израел од Газа, вклучително и од т.н. Филаделфиски коридор, 14-5 километри долг копнен дел долж јужната граница на Појасот Газа и Египет.

Израел сака да ја задржи контролата врз коридорот, кој го зазеде кон крајот на мај, откако уништи десетици тунели под него, за кои вели дека биле користени за шверц на оружје за милитантните групи во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ