сабота, 27 јули 2024

Бајден во Ирска: Не знам зошто моите предци си заминале од тука (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Чувството е прекрасно. Се чувствувам како да се враќам дома“, им кажа Бајден на новинарите вчера за време на посетата на дворецот Карлингфорд, во близина на домот на своите ирски предци. Бајден ќе биде почесен гостин на банкетот во салата Свети Патрик во дворецот Даблин, а таа чест претходно им е искажана на британската кралица Елизабета Втора и на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.

Тој попладне ќе се сретне со претседателот и премиерот на Ирска и ќе стане четвртиот американски претседател кој ќе се обрати во ирскиот парламент по Кенеди во 1963, Роналд Реган во 1984 и Бил Клинтон во 1995 година.

Бајден вчера беше во Белфаст каде кратко разговараше со британскиот премиер Риши Сунак и ги повика политичките лидери на Северна Ирска да ја обноват својата поделба на власта со ветување за значителни американски инвестиции.

Потоа го посети округот Лут, кој се наоѓа меѓу Даблин и Белфаст и е родното место на неговиот прапрадедо Овен Финеган кој емигрирал во САД во 1849 година. Бајден на жителите на градот Дандалк им кажа дека градот е прекрасен: „Не знам зошто, по ѓаволите, моите предци си заминале од тука“.

Бајден на дел од ангажманите во Даблин ќе го придружува шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен, кој по посетата на Ирска ќе отпатува во Виетнам и Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ