сабота, 27 јули 2024

Бајден во бурно обраќање: Ова што го направи Хамас е чин на чисто зло

Во бурното обраќање до нацијата вечерва американскиот претседател Џо Бајден кажа дека Израел има несомнена, кристално јасна поддршка од Соединетите Американски Држави. Додаде и дека САД ќе се погрижат Израел да го има она што му е потребно за „да ги згрижи своите граѓани, да се брани или да одговори на нападот на Хамас“.

Објавено на

часот

Сподели

„Хамас не се залага за правата на палестинскиот народ на достоинство и самоопределување“, кажа Бајден оценувајќи дека милитантната група не нуди ништо друго освен „терор и крвопролевање без оглед на тоа кој ја плаќа цената“.

Бајден кажа дека САД ја зголемиле својата воена сила во регионот. „Му наложив на својот тим да размени разузнавачки податоци и да распореди дополнителни експерти од целата американска влада за да се консултираат и даваат совети“ за напорите на Израел за враќање на заложниците.

Додаде дека меѓу убиените во Израел има 14 американски државјани.

„Нека нема сомнеж, САД му го чуваат грбот на Израел. Ќе се погрижиме еврејската и демократска држава Израел да може да се брани денес, утре, како што секогаш сме правеле“, кажа Бајден.

Американскиот претседател нападот на Хамас на Израел го нарече чин на чисто зло. Ја нарече милитантната исламистичка група „крвожедна“, додавајќи дека овие настани личат на најлошите злосторства на ИСИС и го обвини Хамас за убивање повеќе од 1.000 цивили.

„Хамас не се залага за палестинскиот народ. Тие ги користат Палестинците како жив штит“, кажа Бајден.

„На еврејскиот народ, за жал, ова не му е ново. Овие настани ги исфрлаат на површина болните сеќавања на антисемитизмот од минатиот век“, кажа Бајден. „Родители заклани користејќи ги своите тела за да ги заштитат своите деца, извештаи за убиени бебиња, силувани жени прикажувани како трофеи…“.

„Стоиме со Израел, Америка стои со Израел. Израел ќе има сè што му е потребно за одговор на нападот на Хамас“, заклучи Бајден во бурниот говор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ