вторник, 22 октомври 2024

Бајден: Трамп сериозно мисли дека ќе има крвопролевање ако загуби

Претседателот Џо Бајден рече дека не е убеден во мирна транзиција на власта во Соединетите Држави доколку републиканецот Доналд Трамп загуби на претседателските избори на 5 ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако Трамп загуби, воопшто не сум сигурен. Тој го мисли она што го кажува. Не го сфаќаме сериозно. Тој го мисли тоа. Сите овие работи за тоа дека ќе дојде до крвопролевање ако загуби“, изјави Бајден во интервју за Си-би-си њуз на прашањето дали мисли дека ќе има мирен трансфер на власта по гласањето.

За време на предизборен настап во Охајо во март, Трамп предупреди на „крвопролевање“ доколку не победи на изборите. Во тоа време, Трамп зборуваше за потребата да се заштити американската автомобилска индустрија од конкуренцијата во странство, па подоцна рече дека мислел на автомобилските работници и автомобилската индустрија кога го користел терминот.

Трамп тврдеше дека победил на изборите во 2020 година против Бајден, што доведе до кривични пријави во Вашингтон и Џорџија за незаконски обид за поништување на резултатите.

Бајден се откажа од кампањата минатиот месец, откако колегите демократи побараа да се повлече по лошиот настап во дебатата против Трамп што покрена прашања за возраста и здравјето на демократскиот претседател. Потпретседателката на Бајден, Камала Харис, оттогаш ја доби номинацијата на демократите и се натпреварува против Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ