сабота, 27 јули 2024

Бајден: Трамп не може да се сети на името на својата сопруга

Гостувајќи во шоуто на Сет Мајерс на Ен-би-си, Бајден рече дека Трамп ја нарече својата сопруга со друго име. Блумберг наведува дека не е јасно дали Трамп зборувал за својата сопруга или сопругата на поранешен помошник, што не го спречи Бајден да го обвини републиканскиот кандидат за сенилност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Треба да го погледнете другиот тип. Тој е отприлика на моја возраст, но не може да се сети на името на својата сопруга, под број еден. Под број два, се работи за тоа колку се стари вашите идеи“, рече Бајден (81).

Анкетата на Ен-би-си њуз покажа дека три четвртини од гласачите, вклучително и половина од демократите, се загрижени за возраста и менталните способности на Бајден, додека помалку од половина имаат слични стравови во врска со Трамп (77).

Овие грижи беа ставени во прв план на кампањата за 2024 година претходно овој месец, кога во извештајот на Министерството за правда за ракувањето со доверливи материјали од страна на Бајден, тој беше опишан како „добронамерен постар човек со слаба меморија“. Бајден ја влоши ситуацијата кога ги збуни светските лидери за време на прес-конференција по повод извештај на министерството.

Кампањата на Бајден се надева дека правните проблеми на Трамп, десничарските ставови и неочекуваните изјави ќе бидат доволни за гласачите да ја превидат возраста на актуелниот претседател и да гласаат за него.

„Ова е човек кој сака да нè врати назад. Тој сака да нè врати на „Роу против Вејд“ (случајот што го легализираше абортусот). Тој сака да нè врати на цела низа прашања од пред 50-60 години“, рече Бајден.

Трамп ја потресе администрацијата коментирајќи дека неговите правни проблеми му помагаат со црните гласачи, со тоа што ја повика Русија да ги нападне сојузниците на НАТО кои не плаќаат 2 отсто од БДП за одбрана, со одбивањето да го обвини рускиот лидер Владимир Путин за смртта на Алексеј Навани и со исмејување на воената служба на неговата републиканска ривалка Ники Хејли.

Бајден исто така го нападна Трамп затоа што ги опиша уапсените за немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година како „патриоти“ и за тоа што, наводно, велича диктатори.

„Тој мисли дека може да го промени Уставот и само да игнорира делови од Уставот. Ова е човек кој зборува за одмазда“, рече Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ