сабота, 27 јули 2024

Бајден: Трамп е спремен да ја жртвува демократијата за да дојде на власт

Американскиот претседател Џозеф Бајден денес изјави дека поранешниот претседател и негов противник Доналд Трамп се спремни да ја жртвуваат демократијата во САД за да дојдат на власт.

Објавено на

часот

Сподели

Тој изјави дека кампањата на Трамп е „опседната со минатото, а не со иднината“, според Си-ен-ен.

„Тој е подготвен да ја жртвува нашата демократија за да дојде на власт. Нашата кампања е за зачувување и зајакнување на американската демократија“, рече Бајден во Блу Рел, Пенсилванија, за време на неговиот прв говор во рамките на кампањата за претседателските избори во ноември.

Тој додаде дека претстојните избори се однесуваат на тоа дали демократијата сè уште е света работа во Америка, потсетувајќи дека првиот американски претседател Џорџ Вашингтон се борел токму за демократија и слобода.

„Тоа е света цел. Тоа беше изразот што Вашингтон го употребил – света работа“, рече Бајден.

Тој ја праша толпата дали демократијата сè уште е „света кауза“ на Соединетите Држави, додавајќи дека тоа е најважното прашање за САД.

Бајден го критикуваше Трамп и за неговото однесување на 6 јануари 2021 година, кога беше нападнат Капитол.

„Тој се повлече во Белата куќа кога Америка беше нападната однатре. Целата нација гледаше во ужас. Целиот свет гледаше со неверување, а Трамп не направи ништо“, изјави американскиот претседател.

Тој додаде дека Трамп одбива да го осуди политичкото насилство.

„Ќе го кажам она што Доналд Трамп нема да го каже. Политичкото насилство никогаш, никогаш не е прифатливо во политичкиот систем на Соединетите Држави. Никогаш, никогаш, никогаш. За него нема место во демократијата. Нема“, рече американскиот претседател.

Тој изјави дека оние што упаднале во Капитол биле бунтовници, а не патриоти, и дека тоа било „насилна инвазија“, а не мирен протест.

„Обидувајќи се да ги смени фактите од 6 јануари, Трамп се обидува да ја украде историјата, на ист начин како што се обиде да ги украде изборите, но ние ја знаеме вистината затоа што ја видовме со свои очи“, рече американскиот претседател.

Бајден го одржа говорот во рамките на кампањата на третата годишнина од  упадот на поддржувачите на Трамп во Капитол на 6 јануари 2021 година, за кој неистомислениците на поранешниот претседател сметаат дека бил бунт и обид да се поништат резултатите од претседателските избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ