среда, 23 октомври 2024

Бајден: Се повлеков за да не победи Трамп

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден изјави дека се повлекол од кампањата за реизбор за Демократската партија да може целосно да се фокусира на спречување поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп да освои втор мандат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден, во своето прво интервју откако на 21 јули се повлече од кампањата за повторен избор, кажа за Си-би-ес дека одлуката ја донел во семејната куќа во Рехобот бич во Делавер, на крајот на јули, само неколку недели по дебатата со Трамп.

„За мене и понатаму клучното прашање е одржувањето на оваа демократија. Иако е голема чест да се биде претседател, мислам дека имам обврска кон земјата да го направам она што е најважното што може да се направи, а тоа е дека мораме да го победиме Трамп“, истакна Бајден.

Според него, на неговата одлука да се повлече од кампањата влијаело тоа што анкетите покажувале дека тој и Трамп имаат речиси изедначена поддршка од гласачите, како и загриженоста на одреден број конгресмени од Демократската партија дека може да се случи Трамп да победи на претседателските избори во ноември.

Бајден одлуката за повлекувањето од претседателската трка ја соопшти на 21 јули кога предложи демократски кандидат за претседател да биде потпретседателката на САД Камала Харис, а три дена подоцна ѝ се обрати на нацијата од Овалната канцеларија, кажувајќи дека нема да дозволи што било, дури ни „личната амбиција“, да застане на патот на спасувањето на американската демократија.

Според анкетата на Ипсос објавена во четвртокот, Харис води на ниво на САД пред Трамп со 42 отсто поддршка, додека поранешниот американски претседател има 37 отсто од гласовите на гласачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ