сабота, 27 јули 2024

Бајден: Се надевам на прекин на огнот во Газа до Рамазан. Работиме на тоа

Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека се надева оти договорот за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хамас може да биде постигнат до светиот муслимански месец Рамазан, кој започнува на 10 март.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали очекува договор дотогаш, Бајден рече: „Се надевам. Сè уште многу работиме на тоа“, објави Би-би-си.

„Сè уште не сме го постигнале тоа“, им рече тој на новинарите напуштајќи ја Белата куќа во петокот. Изјавата на Бајден доаѓа во време на тензични преговори за прекин на огнот и кога се зголемува притисокот врз него да помогне во смирувањето на конфликтот.

Предложениот договор предвидува 40-дневна пауза во сите воени операции од почетокот на Рамазан, како и зголемен проток на помош за Газа, изјави за новинската агенција Ројтерс извор близок до преговорите.

Наводно ќе вклучува и договор за ослободување на палестинските затвореници во замена за израелски заложници, во однос десет спрема еден.

Муслиманскиот свет месец, во кој верниците постат од зора до зајдисонце, ќе започне на 10 или 11 март. Точниот почеток на Рамазан се одредува со првото гледање на полумесечината, така што може да варира од место до место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ