Бајден „изгледа дека навестил дека неговиот вујко бил изеден од канибали откако неговиот авион бил соборен над Папуа за време на Втората светска војна“, соопшти канцеларијата на Марапе во неделата.
„Изјавите на претседателот Бајден можеби се лапсус, но мојата земја не заслужува таква етикета“, додаде Марапе.
„Го повикувам претседателот Бајден да ѝ предложи на Белата куќа да ги исчисти сите остатоците од Втората светска војна за да се дознае вистината за исчезнатите војници како Амброуз Финеган“.
САД потпишаа договор за одбранбена соработка со Папуа Нова Гвинеја минатата година, среде натпреварувањето за влијание во регионот со Кина, која има безбедносен пакт со соседните Соломонски Острови.
Бајден претходно ја спомна својата лична поврзаност со воената историја на Папуа Нова Гвинеја, раскажувајќи ја приказната за својот вујко кој загинал во авионска несреќа во мај 1944 година.
По посетата на споменикот на исчезнатите борци во Пенсилванија, минатата недела рече дека постои можност вујко му да бил жртва на канибали.
Историчарите велат дека Папуа Нова Гвинеја била клучна за американскиот напад преку Пацификот за ослободување на Филипините во Втората светска војна.
Папуа Нова Гвинеја и Соломонските Острови сè уште се полни со остатоци од човечки коски од војната, остатоци од авиони и бродови, тунели, како и неексплодирани бомби кои сè уште убиваат луѓе.