вторник, 22 октомври 2024

Бајден разговарал со Зеленски, најави нова воена помош за Украина: „Русија нема да победи“

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо бајден разговарал денес со украинскиот претседател Володимир Зеленски и најавил нов пакет помош за Киев, соопшти Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден му ја потврдил на Зеленски „непоколебливата поддршка на САД на народот на Украина“ во конфликтот со Русија, се наведува во соопштението.

„Русија нема да победи во овој конфликт. Независниот народ на Украина ќе победи – а САД, нашите сојузници и нашите партнери, ќе продолжат да стојат со нив на секој чекор“, додал Бајден.

Пакетот оружје вклучува ракети за противвоздушна одбрана, опрема против беспилотни летала, противоклопни ракети и муниција, се наведува во соопштението.

„Горд сум што денес ќе објавиме нов пакет воена помош за Украина“, наведе Бајден во соопштението, не прецизирајќи ја финансиската вредност на помошта.

Американски воен извор за Радио слободна Европа кажал дека вредноста на оружјето изнесува 125 милиони долари.

Двајцата претседатели разговарале ден пред денот на независноста на Украина.

Вашингтон ја обезбедува клучната воена поддршка на Киев, досега давајќи повеќе од 55 милијарди долари во оружје, муниција и друга безбедносна помош од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ