понеделник, 30 декември 2024

Бајден против одмазда, Русија ќе го поддржи Иран ако САД нападнат иранска територија

Американскиот претседател Џо Бајден му го пренесе на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху американското противење на каква било одмаздничка акција против Иран, пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Иран го предупреди Израел дека ќе биде изложен на поголем напад доколку се одмазди за ноќните напади, пишува Тајмс оф Израел.

Од друга страна, како што пренесува Фајненшл експрес, рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Русија ќе го поддржи Иран доколку САД нападнат иранска територија како форма на поддршка за Израел.

„Со тоа што Иран го напаѓа Израел, Хезболах и Хутите, очекувајте глобалните цени на суровините да почнат да растат утре. Западот беше доведен во заблуда да го поддржи Израел, особено во нападот врз Палестинците и граѓаните на Газа. „Русија ќе направи се што е можно за да ја избегне можноста од Трета светска војна“, изјави Путин.

Главниот портпарол на израелската армија изјави дека Франција е меѓу земјите кои учествувале во одбраната од иранскиот напад врз Израел.

„Франција има многу добра технологија, авиони, радари – и знам дека придонесоа во патролирањето на воздушниот простор“, рече тој, додавајќи дека нема точни информации дали француските авиони собориле некои од ракетите лансирани од Иран, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ